Управата на Барселона телевизиските права за сезоната 2015/16 ги продаде за неверојатни 140 милиони евра, а ќе инкасира деполнителни 40 милиони од рекламите.


Компанијата „Телефоника“ плати цело богатство за правата на Барселона и непријатно ја изненади „Медиапро“, која години наназад ги откупуваше правата на двата шпански гиганти.

Шпанските клубови за разлика од англиските сами одлучуваат на кого ќе му ги продадат ТВ правата, а најголем дел од колачот земаат Барса и Реал додека за останатите клубови остануваат само „трошки“.

Последнопласираниот во Премиер лигата ќе инкасира 100 милиони евра, а последнопласираниот во Примера само 18 милиони што резултатираше со негодување на помалите екипи.

Се очекува во најбрз можен рок шпанците да ги променат правилата и да ги применат од англичани за „колку толку“ рамномерно делење на колачот од телевизиските права.

Ohridnews