Без победник 2-2 заврши градскиот дуел меѓу Алки и Аек Ларнака во кипарскиот шампионат.


Македноскиот интернационалец Никола Глигоров беше стрелец на изедначувачкиот гол десетина минути пред крајот. По делбата на бодовите тимовите остануваат на средината на табелата.

Глигоров е еден од тројцата играчи за врска кои селекторот Тошак го повика за пријателската средба со Луксембург на крајот на месецов.

В.Б.