
Од страна на инспекторите за туризам, согласно Законот за туристичка дејност на водичот од Полска му е изречена мерка глоба во висина од 400 евра во денарска против вредност.
Акцијата за спречување на диви водичи,била спроведена на повеќе локации во Охрид: Плаошник, Св. Софија, на градскиот плоштад, Музејот на вод- Заливот на коските и Свети Наум. При тоа, на локалитетите евдентирани биле 12 водичи, со групи од повеќе земји, кои вршеле организиран разглед на културно-историските знаменитости во Охрид.
Согласно Законот за туристичка дејност, овластен туристички водич мора да поседува лиценца и легитимација за вршење на дејност на територијата на општина Охрид, издадена од соодветна институција. Секое непридржување кон законските норми подлежи на санкции.
OhridNews












