Секторот за внатрешни работи Охрид на две лица од Охрид им изрече глоба за сторени сообраќајни прекршоци. Според полицијата тие и покрај забраната, управувале товарни возила во центарот на градот, а не посадувале ниту соодветни дозволи.

Сообраќајната полиција им изрече глоби во износ од по 600 евра во денарска противвредност на возачите за непочитување на сообраќајните правила и прописи а согласно законот за направените прекршоци предвидена е и дополнителна глоба од 25 евра во денарска противвредност или 15 негативни бода односно 20 евра во денарска противвредност или 10 негативни бода, соопшти полицијата.

Претходно сопствеикот на товарните возила писмено бил известен за сторениите прекршоци.

OhridNews