Студентите кои имаат желба да ги развијат и надградат своите лидерски вештини и квалитети преку волонтирање на проекти од областа на образованието, здравјето животната средина и слични општествени теми, може да аплицираат на глобалната програма за општествен развој Global Citizen, која ја нуди најголемата студентска организација во светот AIESEC.

-Интернационалното мултикултурно искуство, личниот и професионален развој, остварувањето контакти и пријателства, нови перспективи и погледи, водат кон едно глобално гледиште – она што треба да го карактеризира еден студент. Работејќи на овие проекти во времетраење од 6-8 недели, практикантите наоѓаат начини за решавање на важни социјални прашања кои ќе резултираат со подобра, одржлива и притоа здрава иднина минувајќи низ процес на уникатно искуство во земји како Русија, Турција, Тунис, Црна Гора, Украина, Филипините, Романија и многу други, информираат од претставништвото на AIESEC во Прилеп.

Оттаму обајснуваат дека сите волонтерски проекти кои се одвиваат во AIESEC земјите можат бесплатно да се пребаруваатна internships.aiesec.org, каде што може да се избере оној проект кој најмногу му одговара на самиот волонтер, а повеќе информации може да се најдат на веб страницата www.aiesec.org.mk или на Facebook страницата https://www.facebook.com/globalcitizenmacedonia?fref=ts.

OhridNews