Учесниците ќе дискутираат за клучни прашања поврзани со конкурентноста на нашата држава, и тоа за инфраструктурата и енергијата, технолошката подготвеност, развојот на финансискиот пазар и ефикасноста на пазарот на работниците. Самитот ќе прикаже успешни стратегии за лидерство, претприемништво и иновација кои се применливи на глобалните пазари, со цел да се зголеми квалитетот и конкурентноста на македонските производи и услуги.
Настанот и овој пат ќе собере на едно место високи државни претставници, светски бизнис лидери и потенцијални инвеститори во Македонија. Ќе понуди преглед на тековната економска и политичка рамка во контекстот на претпристапниот период на Македонија во ЕУ и ќе ги прикаже приоритетите за одржливи долгорочни инвестирања во неколку сектори.
Дополнително, самитот ќе овозможи и серија на лидерски и мотивациски говори, работилници на темите иновација, претприемништво, истражување и технологија. За време на истиот ќе се одржат и билатерални средби помеѓу домашните компании и странските инвеститори, како и различни видови на настани за поврзување и дружење.
Претходно одржаниот Глобален инвестициски самит за Македонија 2012, забележа огромен успех во започнувањето на соработката помеѓу бизнис дијаспората и македонската бизнис заедница, а на него учествуваа над 350 странски и домашни бизнисмени и високи државни претставници.