Температурите регистрирани во во Охрид во октомври биле над просекот за 2,1 степен Целзиусов, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Надпросечни биле и температурите во летните месеци и во септември, а се очекува тоа да биде случај и со ноември.
Температурата се зголемува како резултат на глобалното затоплување. Неодамна анализа на Светската банка покажа дека Македонија ќе биде едно од најпогодените подрачја од климатските промени во светот и затоа треба да се преземат мерки и да се вложува во таканаречената зелена политика
Инаку, топлото време според синооптичарите ќе трае до крајот на оваа недела. Од следната не очекува постудено време со врнежи од дожд и снег. Максималните темпертури ќе се движат до пет степени, а утринските ќе бидат во негатива.
Од средината на оваа недела, пак, се очекуваат врнежи кои ќе бидат пообилни од четврток, а ќе дува и засилен јужен ветер.