Туристичката агенција „Глобус Травел“, денеска го прославува својот втор роденден. Веќе 2 години агенцијата будно ги следи барањата на своите клиенти и брои успешно завршени проекти, како во делот на рецептивен туризам, така и на полето на емитивниот туризам и организација на настани.

По повод роденденот во „Глобус Травел“ во тек е продажба на атрактивни новогодишни аранжманиза Истанбул, Рим, Виена, Будимпешта и Дубровник со организиран превоз од Охрид и од Скопје, како и пакет аранжманите за зимувања во Бугарија, Австрија и на Копаоник. Роденденски „Глобус Травел“ подготви и изненадување за своите клиенти,
кои за извршените новогодишни резерваци од денес ќе добиваат 5% попуст.

Исто така, по повод роденденот во соработка со OhridNews, „Глобус Травел“ ќе ги наградува своите клиенти. Имено, секој петок почнувајќи од 07.12.2012 заклучно со 28.12.2012 „Глобус Травел“, ќе подарува ваучери во вредност од 1000 денари кои ќе можат да се искористат за новогодишен пакет аранжман. Извлекувањето ќе биде секој петок на фан страната на Facebook на OhridNews.











