Туристичката агенција „Глобус Травел“ седум години е успешна приказна во Охрид. Од минатата година на нова локација наспроти главната филијала на „Стопанска Банка“, ја продолжува својата мисија како промотор на Охрид и Македонија.
-Наша основна дејност е сервисирање на странски гости во Република Македонија. Многуте долгогодишни партнери се доказ за квалитетот на работењето и посветеноста на нашиот тим кон работата. Редовно учествуваме на светски познатите туристички саеми се со цел да го прошириме делокругот на соработници како и да ги презентираме убавините на градот Охрид и Република Македонија во целост. – велат од „Глобус Травел“.
Покрај рецептивниот туризам агенцијата има голема понуда на зимски и летни аранжмани како и организирана посета на светските метрополи.
-Во тек е продажбата за зимовања во ски центрите во соседните Р. Бугарија и Р.Србија со големи попусти за уплати за рани резервации и до 30%, а како новитет од оваа година во соработка со Асоцијацијата на спортови “Спорт за сите – сите за спорт” организираме “Детски ски камп” во с.Добриниште – Банско, Бугарија каде деца од 7-12 годишна возраст со професионални ски инструктори ќе имаат можност да ги совладаат техниките на скијање. – информираат од „Глобус Травел“.
Додаваат дека визија на агенцијата е да продолжи и понатаму со максимална посветеност кон работата достојно да ја промовира Република Македонија и да го зголеми бројот на туристи кои со насмевка и убави спомени ќе си одат од Охрид.
-Посветено ќе работиме и во делот на продажба на аранжмани каде за нашите клиенти ќе имаме како и досега широка понуда со поаѓања од Охрид и од повеќе места во државата. – истакнуваат од „Глобус Травел“.
OhridNews














