Баерн Минхен се пласираше во финалето од Купот на Германија победувајќи го Вердер Бремен со 2-1 во полуфиналниот меч одигран на „Алијанц арената“.


Човек на одлука беше германскиот репрезентативец Томас Милер кој во два наврати ја тресеше мрежата на гостите од Бремен. Црна дамка на победа од „баварците“ остави Артуро Видал кој со добра глума изнуди удар од белата точка. 


Противник на Баерн Минхен во финалето ќе биде подобриот од Херта – Борусија Дортмунд.

OhridNews