Покрај квалификациите и очекувањето Ferarri да ја потврди партијата од Сингапур, утрешната трка добива и на тежина потсетувањето на Жил Бјанки кој баш на патеката во Јапонија се здоби со повреда од која неодамна почина.

Филип Бјанки, неговиот татко изјави дека веќе не гледа трки од F1 затоа што го потсетуваат на смртта на неговиот син. “Можеби ќе ги гледам трките за некој месец или година, ама засега не можам“ – изјави ожалестениот татко Филип.

За потсетување, минатата година Жил Бјанки имаше страотна и бизарна несреќа кога се заби во булдужерот кој е задолжен за отстранување на болидите после дефект или судар. Како последица на несреќата Бјанки беше неколку месеци во кома после што почина во јули годинава.

Бизарноста да биде поголема Жил ја имаше несреќата кога булдужерот излезе да отстранува болид кој веќе беше забиен во сигурносната ограда. Додека скрутинерите и стјуардите заедно со директорот на трката размислуваа за испраќање на безбедносното возило на патеката се случи несреќата на Бјанки.

Уште еден доказ дека секој загинат возач носи поголема безбедност во овај спорт е и одлуката на FIA од таа трка наваму безусловно да се забави трката или со “Виртеулно безбедносно возило“ или со “живото“ и при најмалото излегување на помошните возила за расчистување на патеката.

Утрешната трка стартува во 7 часот по наше време, а пол позицијата ја освои возачот на Мерцедес, Нико Розберг.

OhridNews