Вчера, во 07,30 часот во Полициската станица во Струга од страна на 59- годишен стружанец била предадена експлозивна направа–рачна бомба, која ја пронашол чистејќи во подрумските простории во неговата семејна куќа лоцирана во село Брчево.

Експлозивната направа од страна на ПС-Струга е предадена на Дирекцијата за заштита и спасување-Охрид за понатамошна постапка.

OhridNews