Откако кобра каснала човек од Непал, тој одлучил да и се освети со иста мера па ја изгризал до смрт.
Мухамед Салмо Мија бил каснат од змијата додека работел на неговото оризово поле, а тоа толку многу го разлутило што ја фатил и и се осветил со тоа што ја гризел додека не умрела.

Можев да ја удрам со стап, но бев толку лут што одлучив да и вратам со иста мера” изјавил 55 – годишниот непалец.
Непалецот моментално е на лекување и е вон животна опасност.