Шпанска агенција за нуклеарна енергија признала дека изгубила мал убав куфер со голем знак со предупредување „Радиоактивно“, во кој се наоѓал радиоактивен материјал: изотопи на цезиум (Cs-137) и америциум (Am-241). Куферот исчезнал од автомобил паркиран во индустриската зона на Мадрид, а материјалот во него се користел за мерење на густината и влажноста на материјали во градежништвото.


„Ве молиме да го вретите куферот, бидејќи содржината е радиоактивна. Ве молиме да не го отварате или уништувате“. – пишува во соопштението, а чесниот наоѓач се моли да се јави во полиција.