Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 51-годишно лице од Струга.
– Пријавениот, казненото дело го сторил на трети минатиот месец во дворот од куќа сопственост на неговиот брат. Настанот се случил во момент кога судски доставувач сакал на братот на пријавениот да му достави судска покана. Кога го забележал тоа, пријавениот започнал жестока вербална расправија со судскиот доставувач, упатувајќи му сериозни закани по неговиот живот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пријавениот потоа му ја одзел поканата на доставувачот и физички го нападнал.
OhridNews


.jpg)









