Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу соседите Албанија и Македонија, помина без директен телевизиски пренос на националните македонски телевизии. Цената на преносот како што се дознаваме се движела околу 10 илјади евра, но ниту една националнa телевизиja не се одлучи да го одврзе ќесето и на својот аудиториум да му го понуди фудбалски најдоброто од Македонија. За квази реални шоуа, средства има, но не и за македонскиот национален тим.
дел од македонската новинарска екпедиција во Корча
Неиграњето на неколкумината стандардни репрезентативци, во прв ред на Пандев не треба да биде алиби за да не се емитува директно натпреварот на националниот состав. Фудбалот во Македонија ниту започнал со Горан Пандев, ниту се игра за Горан Пандев, а “пребирливите“ македонци заслужуваат да видат дали на теренот ќе се (из)роди некој нов Пандев.
Наспроти тоа “националните“ се одлучија на најефтината варијанта, во своите вести да го превземат сигналот од албанските сателитски канали, кои за разлика од нашите ја пренесуваат својата репрезентација каде и да игра. Култот за репрезентацијата не се гради со пренесувања на мечеви само против Русија, Шпанија , Ирска, туку и против малите, Албанија, Црна Гора, …
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора У-18 Првиот дуел e денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, д...
Екипата на Охрид претрпе висок пораз во натпреварот од 5-то коло од Супер лигата Вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје Вардар убедливо славеше над Охрид 27:18, полувреме 14:6 Избраниците на ...
Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид, во ООУ Братство Единство Охрид,се одржа XI Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 кадети, за ученици...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.