Јапонката Тамае Ватанабе го повторила подвигот од пред десет години и втор пат станала најстарата жена која го освоила највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Таа се искачила на врвот висок 8850 метри од северната, односно тибетската страна на планината, заедно со уште четири лица кои ја следеле. Ватанабе, која за прв пат се искачила на врвот во 2002 година како би го поставила својот прв рекорд за најстара жена на која и успеало тоа, е во добра форма и со својот тим се враќала во подножјето на планината.

Најстариот човек досега кој се искачил на Монт Еверест е непалецот Мин Бахадур Серчан, кој го освоил највисокиот врв на 76 години. Рекордот по бројот на искачувања го држи непалскиот планинар Апа Серпаш, кој на Еверест досега се искачил 21 пат. Поради леснотијата со која се качувал по суровите Хималаи почнале да го викаат „Суперсерпаш“. Досега 660 лица успеале да се искачат на највисокиот врв, а први на кои тоа им успеало во 1953 година биле Едмунд Хилари од Нов Зеланд и Тензинг Норгај од Непал.