Навивачите на Челси и Интер силно го посакуваат Жозе Мурињо за тренер во нивната екипа. Откако најави дека ќе го напушти Реал Мадрид по завршување на сезоната, светските медиуми почнаа да го “селат“ во ПСЖ, Челси, Манчестер Сити и Интер.


Но, претседателот на Интер, Масимо Морати по завршување на сезоната сака да го доведе поранешниот тренер на Рома, Зденек Земан и сегашниот Страмачони да биде помошник.

Во актуелниот европски првак смената на менаџерската позиција ќе биде сигурна. Привремениот менаџер Бенитез ќе ја напушти клупата, а Абрамовиќ на негово место сака да го види тренерот на Малага, Мануел Пелегрини.

Тој со екипата на Малага стигна до 1/4 финалето од ЛШ и само неколку минути го дела до пласман во најдобрите четири.

Мх.П.