Синоќа  во ПС-Струга, 49 стружанец пријавил дека истиот ден во 13,00 часот неговиот родител кој отишол кај плацот за половни возила кај „Мороишки мост“ бил прегазен од непознато лице кое управувало багер. Повредениот бил пренесен од лицата кои се нашле на местото на настанот во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, каде му била извршена хируршка интервенција. 
ПС-Струга презема мерки за расчистување на настанот.  
Во друг сучај жител на Велешта-Струга пријавил дека во периодот од месец mај до 16 јули година непознат сторител со употреба на оригинален клуч влегол преку влезната врата во неговата куќа каде од багажникот на неговото возило кое било паркирано во гаражата, одзел златен накит (прстени, нараквици, ланчиња и обетки) вреден околу 35000 евра. 
ПС-Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Синоќа во Струга  дошло до физичка пресметка помеѓу три лица, поради претходна расправија во врска со оштетување на канделабрите на муслиманските гробишта во Струга. 
Полицијата работи на расветлување и на овој инцидент.
OhridNews