Холандскиот репрезентативец, Кевин Стротман ќе паузира два натпревари во Серија А, поради иницирање на инцидент на градското дерби меѓу Лацио и Рома.
Стротман, после водечкиот погодок кој го постигна со вода го испрска Данило Каталди кој пак бурно реагираше и го струполи на земја фудбалерот на Рома.
Холанѓенецот, суспендиран е после прегледување на видео снимката, откако главниот судија не го забележа неговиот неспортски потег.
Фудбалерот за врска кој имаше феноменален меч зад своето име против Лацио ќе ги пропушти дерби мечевите со Јувентус и Милан.
OhridNews