Репрезентативецот на Чиле, Артуто Видал целосно го одбележа 12-то издание на Копа Америка. Тој ја освои наградата за најдобар фудбалер во финалето, а неколку дена претходно се најде во центарот на вниманието откако во алколохизирана состојба се судри со своето Ферари.
Автомобилот беше прилично уништен, но за среќа тој и неговата вереница беа само полесно повредени.
Чилеанската сообраќајна полиција веднаш поднесе постапка, а исходот е одземање на возачката дозвола во период од две години.
Иако беше обвинет Видал го доигра шампионатот и му помогна на својата земја да се израдува на првиот трофеј победувајќи ја Аргентина на пенали во финалето.
Ohridnews