Пожар речиси целосно изгорел куќа на 61годишен жител на струшко Радолишта. Немилиот настан се случил пред два дена. Пожарот избувнал во просторија на првиот кат во која имало шпорет на дрва кој бил запален, при што огнот се проширил во поткровјето. Со интервенција на противпожарната служба од Струга огнот бил изгаснат.

Оштетена била покуќнината, мебелот и стаклата од балконските врати.

Во тек е истрага која треба да ги утврди причините за пожарот и висината на настанатата материјалната штета.

OhridNews