Американските медиуми биле воодушевени од неодамнешниот бизнис успех на Медисон Робинсон која има 15 години, и која со основање на сопствена фирма успеала да заработи големи пари и да створи сериозен бизнис. Нејзината компанија “FishFlops”, која првенствено произведува апостолки, го заработила првиот милион, а девојчето никако не планира тука да сопре. Медисон првите апостолки ги дизајнирала кога имала само осум години и ги покажала на својот татко кој се воодушевил од идејата и идал пари да започне бизнис, што се остварило пред две години кога на пазарот ја лансирала првата линија која содржела девет примероци.
Работата одела толку добро, што младата Медисон го проширила бизнисот со понуда на маици, шорцеви и други видови облека. Започнала да пишува книги за деца, а наскоро планира да лансира апликации и видео игри кои се случуваат под море. Во меѓувреме нејзиниот татко почнал да работи за неа. Иако првенствено врши продажба преку својот портал, склопила и договори со многу продажни центри и досега продала повеќе од 60 илјади апостолки. Парите планира да ги вложи во своето образование, а веќе почнала и да се занимава со добротворна работа.