Стандардниот македонски репрезентативец Гоце Георгиевски е нов ракометар на Вардар. Искусното десно крило го одбра Вардар пред битолски Еурофарм Пелистер од кој исто така имаше понуда на маса. Популарниот „Џомба“ со актуелниот европски шампион потпиша двегодишен договор.

Можам да потврдам дека се договоривме. Со Вардар имам двогодишен договор и едвај чекам да почнам да настапувам за овој клуб. Доаѓам во актуелниот првак на Европа, тоа само по себе e голема чест, но носи со себе и обврска и притисок. Едвај чекам повторно да заиграм во Лигата на Шампионите. – изјави за Екипа.мк, Георгиевски.

Со ангажманот на Георгиевски, Вардар го комплетираше ростерот на десната крилна позиција. Соиграч на македонскиот репрезентативец ќе му биде Иван Чупиќ додека Данил Шишкарев заминува во Веспрем.

OhridNews