Охриѓанецот Гоце Мојсоски од 28 до 30 септември ќе биде дел од најголемиот и најквалитетниот  боди билдинг натпревар кој е познато под името Арнолд класик.

На натпреварот кој е под покровителство на популарниот глумец Арнолд Шварцанегер ќе се појават 5 000 натпреварувачи во 35 категории. Свое присуство има најавено и Шварцанегер кој е голем вљубеник во боди билдингот.

  • Дојде моментот односно натпреварот за кој мечтаев на почетокот од кариерата. Подготовките беа тешки, но кога ќе појавиш на сцена слушниш своето име и земјата не е ништо важно повеќе. Патувам два три дена порано со претседателот на федерацијата Бобан Ѓороски да имаме време да се адаптираме и направиме неколку заенички тренинзи. – изјави Мојсоски.

Тој им се заблагодари на спонзорите (Општина Охрид, Сити Палас, Голден бич, Жито Леб, Аптека Грашница, Бутик Анел, Фризерски салон Младен, АСП Пак, Проетк Биро, Тамаро маркети, Кадмо, Тубелес, Тhestrongest shop, Fruit box, Охрид Холидејс, Куба Либре, ЈП Билјанини Извори, АБВ Дизајн) без кои не ќе имаше можност да се подготвува и учествува на настанот број еден во светот на боди билдингот.

OhridNews