Повеќе од успешна беше годината што изминува за фудбалската школа “Ферплеј“ кој во текот на 2011 година околу 150 натпревари во различни конкуренции во неколку лиги и неколку домашни и меѓународни турнири.


Годинава што изминува “Фер Плеј“ учествуваше на меѓународни турнири , петилињата се натпреваруваа во Детската лига, и за прв пат учествуваа во пионерската лига на Македонија .

– Беа остварени четири гостувања надвор од државата , во мај гостувавме во Крагуевац кај српскиот суперлигаш Раднички од  каде носиме силни впечатоци, потоа dlедеше турнирот во Драц во јуни каде покрај тоа што го освоивме 5. место  “моците“ имаа можност и да се одморат. Во август на силниот меѓународен турнир во Сараево го освоивме 2. место со пораз во финалето од селектиран тим на ФК Партизан од Белград. Незаборавни импресии многу контакти и покани од други екипи на турнирот организиран по сите меѓународни детски фудбалски теркови. Последното гостување годинава беше во Лерин, Грција на пријателско соочување со Паз Флорина. Беа одиграни повеќе натпревари во повеќе генерации во извонредни фудбалски услови, соработката ќе продолзи со гостуванје на Паз Флорина во Охрид напролет – вели Игор Настески, тренер во клубот.


Во текот на целата година “Фер плеј“ со своите петлинја настапуваше во детската лига во Скопје и го освои третото место. Втора година по ред голманот на  охриѓани Петар Толевски е прогласен за најдобар. Годинава за прв пат  настапуваа и во пионерска конкуренција со фудбалери генерација 97- 98 година  и по првиот дел е на самиот врв од езерскиот регион , а изборија пласман во најдобрите осум во националниот пионерски куп.


– Плановите за 2012 година се уште поамбициозни. Очекуваме неколку учества на силни турнири во и надвор од државата како и достојни резулати во пионерскит куп и првенство – вели Настоски.


Од клубот се заблагодаруваат на Општина Охрид, потоа Градоначалникот Александар Петрески, ЈП Билјанини Извори, Еуростил како и веб порталот ohridnews, како и на сите оние кои на било кој начин го помогнале клубот и придонеле за развојот на младите охриѓани членови на оваа школа.

Ohridnews