Во услови во кои работиме и со сите проблеми со кои се соочуваме едноставно мора да бидеме задоволни од постигнатите резултати. Саше Лескароски од “БК Охрид“ годинава ја заврши без пораз во својата категорија и ја понесе наградата Државен првак.
– И покрај ваквите постигнувања, изостана мојот повик во националниот тим , што го сметам за најнегативен момент годинава – вели Лескароски.
Кој спортски настан и личност според вас ја одбележа годината што изминува? – Годинава ја одбележа златниот гонг на кој настапија светските сили Куба и Русија, додека највпечатлива личност на тоа натпреварување беше Русинот Газизов, кој заедно со уште неколку добри боксери од Куба показаа како изгледа модерниот и светскиот бокс. Јас за жал како и секоја година од незнам која причина не бев повикан од селекторот.
Како ги оценувате состојбите во спортот кај нас, Охрид, Македонија? Дали мисилите дека го следиме чекорот со светски те збиднувања? –
Состојбата во спортот кај нас и општо во нашата држава се катастрофални , нема услови а ни средства за да можеме да ги следиме светските збидувања. Кај нас има перспективни боксери кои доколку има услови сигурнио дека би можеле да постигнеме многу. Чекорот со светските збиднувања се обидуваме да го следиме , но многу сме далеку од тоа што се случува во светот на спортски план, не само во боксот туку општо за сите спортови во Македонија.
Што му недостига на Охрид, да прерасне во спортски центар? Што очекувате од наредната 2011 година?
– На Охрид пред се му недостигаат искусни спортски работници заинтересирани за иднината на младите кои ќе ги поттикнуваат повеќе да тежнеат кон спортот. Откако ќе се создадат подобри услови за работа и нормално многу подобри резултати градот ќе биде претставен онака како што доликува. Оваа година очекувам соработката меѓу БК Охрид и БФМ да се подобрат и да ни дадат шанса за да се докажеме на меѓународните натпревари на кои се стекнува многу поголемо искуство. Очекувам да добијам повик кој ќе го опрадвам со моето залагање и борби како и желбата да го преставам мојот клуб, градот, репрезентација на најдобар можен начин.
Во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, изминатиот викенд се одигра четвртото коло, кое донесе интересни натпревари и возбудливи резултати Екипата на Света Троица 2021 беше поразена од Кар...
Македонската фудбалска репрезентација до 18 години претрпе минимален пораз од соодветната селекција на Црна Гора со 1:0, во пријателски натпревар што се одигра изминатиот викенд во Охрид По првото ...
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора У-18 Првиот дуел e денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.