Општина Охрид годинава нема да ја додели Повелбата „Патрон на Охрид Свети Климент Охридски“, ваква одлука донела Комисијата за одбележување празници и манифестации која денеска ги разгледа апликациите кои пристигнале по Конкурсот, чиј краен рок истече на 20-ти ноември 2015 година.

-Комисијата со жалење констатираше дека се пристигнати само 3 апликации за доделување на Повелбата што не е добар сигнал и што изразува демотивираност за општинските највисоки признанија. Охридската доблест и значење секако дека заслужува многу подобро и многу повеќе и како квантитет и како квалитет. Воедно, со цел задржување на реномето на највисоките Општински признанија Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија едногласно одлучи за 2015 година да не се доделува Повелба – „Патрон на Охрид – Свети Климент Охридски“, пишува во писменото соопштетние од Комисијата.

Во него се потенцира дека оваа одлука воедно треба да биде чин кој треба да биде пресврт во ангажираноста, мотивираноста во промоцијата и развојот на општината Охрид во наредниот период.

Според информациите кои денеска ги добивме од Одделението за односи со јавност, за највисокото општинско признание-Наградата Св. Климент Охридски до локалната самоуправа пристигнале две апликации. Одлуката дали ќе биде доделено и кој ќе го добие највисокото општинско признание треба да ја донесат градоначалникот Никола Бакрачески и комисијата која е формирана по негова иницијатива.

Со Свети Климентовата награда се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за општината, што претставуваат посебен придонес за развој на општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот.

Минатата година за највисокото општинско признание- Наградата Св. Климент Охридски беа пристигнати девет апликации, а истото му беше доделено на светски познатиот академски уметник Јордан Манасиевски. За општинската повелба беа пристигнати седум апликации, а комисијата одлучи истата постхумно да му биде доделена на Слободан Крлески, за неговиот придонес во афирмацијата на Охрид преку фолклорот.

OhridNews

Охрид годинава нема да ја додели Повелбата-Патрон на Охрид Свети Климент Охридски

Општина Охрид годинава нема да ја додели Повелбата-Патрон на Охрид Свети Климент Охридски, ваква одлука донела Комисијата за одбележување празници и манифестации која денеска ги разгледа апликациите кои пристигнале по Конкурс чиј краен рок истече на 20-ти ноември.

Комисијата со жалење констатираше дека се пристигнати само 3 апликации за
доделување на Повелбата што не е добар сигнал и што изразува демотивираност за
општинските највисоки признанија. Охридската доблест и значење секако дека
заслужува многу подобро и многу повеќеи како квантитет и како квалитет.
Воедно, со цел задржување на реномето на  највисоките Општински признанијаКомисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди ипризнанија едногласно одлучиза 2015 година да не се доделува Повелба – Патрон на Охрид – Свети Климент
Охридски
, пишува во писменото соопштетние од Комијаијата.

Во него се потенцира дека оваа одлука воедно треба да биде  чин кој треба да биде пресврт воангажираноста , мотивираноста во промоцијата и развојот на Општината Охрид вонаредниот период.

Според информациите кои денеска ги добивме од Одделението за односи со јавност, за наградата Св. Климент Охридски до локалната самоуправа пристигнале две апликации. Одлуката дали же биде доделено и кој ќе го добие највисокото општинско признание треба да ја донесат градоначалникот Никола Бакрачески и комисијата која е формирана по негова иницијатива.

Со Свети Климентовата награда и повелба се оддава највисоко признание за животно  дело, односно долгогодишни остварувања и   врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за Општината , што претставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот.

Минатата година највисокото општинско признание, наградата за животно дело Св. Климент Охридски – патрон на Охрид отиде во рацете на светски познатиот академски уметник Јордан Манасиевски, а општинската повелба, постхумно му беше доделена на Слободан Крлески, за неговиот придонес во афирмацијата на Охрид преку фолклорот.