Оваа година Владата ќе издвои двојно повеќе средства од лани за развој на туризмот, најави премиерот Никола Груевски.

– За Агенцијата за туризам се предвидени 150 милиони денари. Надвор од тоа се планирани средства и за меѓународна медиумска промоција. Охрабрени сме од минатата година затоа што имаше раст од 26 проценти на странски туристи и шест проценти на домашни туристи во споредба со 2012 година”, изјави премиерот.

Од оваа година, во буџетот за туристичка промоција на земјата ќе се слеваат и средства од игрите на среќа, поточно 40 милиони денари.

OhridNews

извор: Макфакс