Годинава се очекуваат најдобри резултати во туризмот во последната деценија
25.04.12 00:04
Бројот на туристи само во првите два месеца од годинава, е зголемен за 25 отсто, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини, кој вчера во Скопје го отвори Меѓународниот саем за туризам.
– Лани и оваа година ги достигнуваме најдобрите резултати во туризмот за изминатата деценија. Вкупниот број туристи е зголемен за 10,5 отсто, додека ноќевањата бележат пораст од 7,6 проценти. Значително е и зголемувањето на странските гости од 25,1 отсто, како и на ноќевањата, за 35,1 процент, додека девизниот прилив во 2011 година е зголемен за 25 отсто, рече Сарачини.
Голем удел во порастот на бројот на туристи во земјава има враќањето на холандските гости на охридската ривиера, кои и оваа година се очекуваат во голем број.
На саемот во Скопје се претставуваат туристички агенции и хотелиери од регионот, а како гости учествуваат и претставници од земји-членки на Европската унија и на светски манифестации и организации од областа на туризмот.
Во насока на развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост во економските процеси, Општина Охрид успешно ја реализираше oбуката за поддршка на жени претприемачи, согласно објаве...
Mеморандум за пријателство и соработка потпишаа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на хрватскиот град Пула, Филип Зоричиќ, денеска во Пула Со меморандумот, како што и...
Цените на угостителските услуги во април годинава се зголемени за 0,1 процент во однос на претходниот месец, а за 4,4 проценти споредено со април лани, објави денеска Државниот завод за статистика ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.