Повеќе од 1.000 маски, богата програма со културно – забавни содржини и над 10.000 посетители од земјата и странство на годинешниот Вевчански карневал. Како што најави на денешната прес конференција градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, карневалот ќе се одржи под слоганот „Напрај се Василичар“, а подготовките се веќе при крај.

За прв пат, оваа година, организацијата за Вевчанскиот карневал вклучува и традиционално гурманско шоу со Бранко Попоски, македонскиот food blogger со вевчанско потекло, познат по проектот Cooking with Branko. Тие најавуваат претставување на традиционални вевчански јадења кои што се подготвуваат специјално за карневалот.

Програмата официјално започнува на 12-ти јануари од 19 часот на отворената сцена на игралиштето, каде што учество ќе земат DJ Todoroff, македонското поп-рок дуо Eye Cue, Brass Brothers и Влатко Лозаноски. На 13-ти јануари, ќе се одржи традиционалното дефиле на маските.

Во вториот дел од програмата, односно, од 21 часот ќе настапат македонските музички фолк ѕвезди Дамјан Стојановски, Татијана Стојановски, а на полноќ со традиционален огномет и трубачи ќе биде дочекана Старата Нова Година.

По дефилето, на 14-ти јануари, според паганските обичаи, маските ќе бидат запалени.

OhridNews