На патиштата во Република Македонија во текот на девете месеци од оваа година се случиле вкупно 3.069 сообраќајни незгоди што е за шест проценти помалку во споредба со бројката за истиот период лани. При тоа, повредени биле 4.669 лица од кои 100 лица го загубиле животот.

Овој податок денес го изнесе министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, говорејќи по повод Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи. Како што таа потенцира, должност на министерството е упорно и сеопфатно да се преземаат активности за минимизирање на шансите за таквите ненадоместливи загуби.

Во тој контекс, Јанкулоска го најави воведувањето на единствениот европски телефонски број 112 наменет за итни случаеви или познат во ЕУ како број за повкување во неволја.

–    Со операционализацијата на овој проект инаку унифициран за земјите на ЕУ, а којшто е во тек на реализирање и во други земји од западниот Балкан, ние имплементираме уште еден важен стандард хармонизирјќи се и во овој сегмент со ЕУ. Второ, овој проект кој што бара суштинска меѓуинституционална соработка, координираност и дејствување, ни нуди множност да ги преиспитаме своите надлежности да ги усогласиме отворените прашања, но и да ги преиспитаме сопствените пропусти и грешки во реализација на ингеренциите кои ги имаме во зависност од институциите од кои доаѓаме. Трето, како од организационен, така и од технички аспект воведувањето на еврпската линија 112 неспорно ќе ги зајакне капацитети и ефикасноста во системот на дознавање – лоцирање – интервенирање при разни ситуации. Вклучително и кога се во прашање сообраќајните несреќи, бидејќи тоа директно се одразува во бројот на  спасени  животи на лицата повредени во сообраќајните несреќи, рече Јанкулоска.

Владата на Република Македонија, во изминатиот период превзеде низа активности во насока на реализирање на овој систем за воведување европскиот телефонски број 112. Направена е физибилити студија, лоцирани се центрите (Скопје Битола и Штип) од каде што оперативно ќе се покрива целата територија на Република Македонија за линијата 112. Поставени се рамките за практично воведување на линијата со што за кратко време се очекува овој проект да стане дел од нашето секојдневие.

OhridNews