Утре во домот на културата во Вевчани КУД „Дримкол” од Вевчани ќе го реализира својот годишен концерт кој традиционално се одржува секоја година. Темата на концертот годинава е северното игроорно подрачје во Македонија и концертот носи наслов: „Од Скопска Црна Гора до Блатија”.
На програмата ќе бидат презентирани песна и ора од овие предели, а на сцената ќе настапат 125 уметници на Дримкол. На концертот како гости ќе учествуваат и учениците од државното музичко училиште во Битола од насоката за традиционална музика и игра.
КУД „Дримкол” е едно од ретките друштва во нашата држава кое организира редовно годишни концерти и тоа секогаш тематски и со различна содржина.
Последниве години концертите се насочени кон обработка и презентација на различни игроорно подрачја во Македонија, што покажува храброст и спремност на „Дримкол“ да се носи со тежината и спецификата кои произлегуваат од различностите на етничките предели.
Концертот е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија со годишната програма за проекти од национален интерес.
Се подготвуваме максимално, но мислам дека не очекува еден многу тежок натпревар Со дисциплина во играта, максимална борбеност и поддршка од охридската публика во сабота одиме на победа, изјави рак...
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 14:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Сирма Војвода“, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претп...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, пс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.