Во недела, студиото за танци “Соната”- Охрид, во Центарот за култура “Григор Прличев”, со почеток во 20 часот, ќе одржи годишен завршен концерт.


Предвидена е богата програма, при што членовите од студиото ќе изведат сплет на  латино американски танци, стандардни , хип- хоп, класичен и модерен балет.


Студиото за танци “Соната” работи веќе четири години. Од оваа година освен класичен и модерен балет, студиото почна и со промовирање на латино и стандардните танци.

OhridNews