Даночни обврзници на персоналниот данок на доход  имаат  обврска да поднесат годишна даночна  пријава до Управата за јавни приходи за остварените приходи во 2011 година.

Од УЈП под мотото „Сè можеш да заборавиш, ама данок не!“, информираат дека законскиот рок за поднесување годишна даночна пријава е од 1-ви јануари до 15-ти март 2012 година.

Даночен обврзник за персонален данок се смета секој македонски граѓанин кој остварил приходи во државата или странство од повремено вршење услуги, од кирии, од авторски договори, дивиденди и камати, од игри на среќа и наградни игри, од продажба на хартии од вредност, од учество на капитал и од продажба на недвижен имот.

OhridNews
извор: „Макфакс“