На годишната средба на Акцијашкиот клуб „ Брег на младоста“, беше презентиран извештајот за сработеното во минатата година, насловен „ Предвидовме многу, направивме уште повеќе“.
На средбата присуствуваше и в.д градоначалникот Константин Георгиески кој рече дека Локалната самоуправа континуирано ги подржува нивните активности и така ќе биде во иднина.
- Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ има посебно значење за заедницата бидејќи ги обединува ветераните кои учествувале на работни акции и младите кои покажуваат интерес да ги продолжат тие традиции. Радува податокот дека нивниот број постојано се зголемува и тие во своите средини, особено во училиштата се промотори на здрави и проверени начини на користење на слободното време кај младите. Мојата порака до Вас младите е да ги користите советите и искуствата на ветераните кои учествувале на поранешните работни акции. Убавината на волонтеризмот, акцијаштвото и хуманоста ја почувствувавте со учеството на акциите по поплавите во Скопје и во соседна Србија. Учествувајќи во разните волонтерски акции, Ве уверувам дека се поубаво ќе Ви звучи паролата која беше испишана во речиси сите акцијашки насделби: „Забрането е внесување на тажни мисли“ –рече в.д градоначалникот Константин Георгиески.
Раководството, членовите и пријателите на Акцијашкиот клуб „ Брег на младоста“ на средбата се заблагодарија на поддршката од страна на Општина Охрид и ветија дека и годинава ќе реализираат повеќе од планираните активности.
OhridNews














