Вчеравечер, во Центарот за култура „Григор Прличев“, се оддржа Годишно собрание на Унијата на жени при општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ.

 
Покрај големиот број членови на унијата на жени, советници, пратеници, гости, присуствуваше и претседателката на Унија на жени на ВМРО- ДПМНЕ, д-р Даниела Караѓозоска.

Присутните ги поздрави и претседателката на општинската Унија на жени, Славица Јанковска, која направи осврт врз целокупното дејствување на жената во политичката опција ВМРО- ДПМНЕ и досегашните постигнати резултати.

Како резултат на досега спроведените активности и ангажираност, охридската Унија на жени при ВМРО- ДПМНЕ е рангирана меѓу првите три најуспешни во Македонија.

OhridNews