Едни од најдобрите тенисери во историјата Рожер Федерер и Рафаел Надал ќе приредат нов тениски шлагер во полуфиналето на Вимболдон, додека на спротивната страна силите ќе ги одмерат Роберто Баутиста и Новак Ѓоковиќ.

Федерер во четвртфиналето го совлада Кеи Нишикори со 3-1 во сетови, Надал со чисти 3-0 го збриша Киреј., Ѓоковиќ немаше поголеми проблеми против Гофин, a Баутиста на голема тројка им се придружи со триумфот над Пела во четири сетови.

Полуфиналните пресметки ќе се одиграат во петок. Ѓоковиќ на мегдан со Баутиста ќе излезе во 14 часот, а тениското Ел класико ќе се одигра во 17 часот.

OhridNews