Деби албумот на кој работеше подолго време Ѓоко Танески ќе го промовира вечерва во хотелот Александар Палас во Скопје. За промоцијата е најавено присуство на околу 250 гости од сите сфери на општесвениот живот.


Ѓоко Танески

На првенецот на Ѓоко Танески ќе се најдат сите оние музички нумери кои ја одбележаа неговата десет годишна кариера. Меѓу ниве е и побеничката песна на Охрид фест. На пет песни како автор е потпишан Роберт Билбилов.

Светлината на денот деби албумот ја здогледа благодарение на неколкуте спонзори , до кои Танески ја искажа својата благодарност, но како што потенцира, во издавањето на албумот најмногу инверстирал тој. Обожователите на Ѓоко Танески деби албумот ќе можат да купат на продажните места на “Време“симболична цена од 100 денари.

Н. Цветанов