Познатиот поп пејач Ѓоко Танески и неговиот другар Александар Силјаноски (Аце Баланс) од неодамна се сопственици на локал во Охрид. Ѓоко и Аце заеднички ќе го работат паб-кафето „Castelo“ (Тврдина) кое се наоѓа на ул.„Партизанска“ во зградата на „Ремис“, кај поранешната автобуска станица. Свеченото отворање беше пред една недела, а „Castelo“ веќе го зголемува бројот на пријатели. Локалот ќе понуди една поинаква, помирна атмосфера за деловен или обичен разговор. Во паб-кафето се служи и храна така што нема ништо да недостига, велат сопствениците на „Castelo“. Тие најавуваат лесни свирки и други интересни содржини новини за пребирливите гости.
Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52650 евра Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, ...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа Глумецот, со своите 62 години, се ...
Целосно затемнување на Сонцето, поточно совршено порамнување на Земјата, Месечината и Сонцето во права линија, ќе се случи на 8 април и ќе биде видливо од Северна Америка Затемнувањето ќе трае чети...