Ѓоко Танески и Дамјан Пејчиноски ќе бидат дел од утрешната хуманитарна и роденденска забава во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, која се одржува по повод 10-гидишниот јубилеј од формирање на КК „Колибри“ од Охрид.
Преку овој настан, охридските музичари се придружуваат на хуманитарната акција на новинарите од градот за спасување на животот на 11-годишно момче од Охрид кое боледува од ретка болест, а на кое му е потребна операција во Кина која чини 35.000 евра.
Настанот е со почеток од 12 часот.
OhridNews