Охриѓани и гостите на дочекот на Новата година на градскиот плоштад ќе ги забавуваат Ѓоко Танески, групата „Камелеон“, Ристо Самарџиев и „Аренси бенд“, дознава OhridNews.


Украсувањето е речиси завршено, а во градот полека се чувствува предновогодишна атмосфера. Полека се исполнуваат и сместувачките капацитети, а најмногу резервации традиционални има од соседните земји.

До сега исполнетоста е околу 70 отсто. Најпрвин се полнат хотелите во центарот, а потоа и поголемите капацитети на ривиерата. Најбројни се гостите од Србија, Бугарија и Албанија, вели Олег Маленко од Т.А. „Вис Пој“.

Според Маленко Охрид со понудените цени на аранжманите за нова година е конкурентен на светскиот пазар и се очекува градот да биде солидно исполнет за претстојните празници.

Цената на тридневните аранжмани со вклучена свечена вечера за Нова година во хотелите се движи од 130 до 180 евра, во зависност од понудата. Само дочекот на Новата година во хотелите ќе изнесува 30 евра од лице.

Во охридските кафулиња и ресторани цените на дочекот со свечено новогодишно мени се движат од 20 до 50 евра.

OhridNews