Охриѓанецот Ѓоко Танески со песната „јас ја имам силата“ избори пласман во финалето на националниот избор на песна за Евровизија.

На првата полуфинална вечер Ѓоко Танески го подели третото место со Александар Белов, додека вториот охридски адут, Кербер, не успеа да избори пласман меѓу осумте најдобри.

Првото место го освои Влатко Илиески, а втори беа Сузана Спасоска и Дарко Нешоски. Пласман во финалето уште изборија и Браво бенд, Дарко Илиевски , Трета димензија и Тумбао салса бенд.

Второто полуфинале е вечерва, а финалето ќе се одржи во сабота, 20 февруари. Евросонг 2010 ќе се одржи во Осло – Норвешка.

Ohridnews