Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ на прес конференцијата во Дубаи рекол дека неговиот тренер Борис Бекер има голем придонес во успесите кои тој ги постигнал во последните 14 месеци.


Со Бекер како тренер Ѓоковиќ осовои две грен слем титули (Вилблдон и Австралија Опен), а на АТП листата има речиси 4.000 бодови повеќе од Федерер.

„Бекер е заслужен за мојот успех особено во втората половина од 2014 година. Успеавме да изградиме извонреден однос на теренот и надвор од него. Од него секогаш можам да научам нешто ново, особено на психолошки план. Бекер целосно ги разбира предизвиците и пречките кои ми стојат на патот“, рекол Ѓоковиќ.

Пресот минал во знакот на лапсусот на Ѓоковиќ, кој ги насмеал сите присутни. Сакајќи да го објасни продонесот на Бекер во неговиот успех тој направил лапсус наместо зборот успех на англиски (success) тој рекол секс, но успеал да се извлече.

„Сигурно дека сега мојот PR менаџмент ќе има полни раце работа“, рекол Ѓоковиќ.

„Макфакс“