Рекетот број еден Новак Ѓоковиќ без игра во финалето го одбрани трофејот на завршниот АТП турнир во Лондон.


Неговиот противник Рожер Федерер поради повреда го откажа настапот, што значи „службена“ победа за српскиот тенисер.

Финалето требаше да биде спектакл бидејќи Ѓоковиќ и Федерер моментално се најдобрите тенисери во светот.

Сеуште не е откриена повредата, која го спречи Федерер да се бори за тронот во Лондон.

Мх.П.