Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ без изгубен сет (6-4, 6-2, 6-3) го совлада Јарко Ниеминен во втората и обезбеди пласман во третата рунда од Вимболдон.
Финецот за кого ова е последен настап на најстариот гренд слем турнир беше испратен со громогласни аплаузи благодарание на Ѓоковиќ кој ја повика публиката.
Што се однесува до натпреварот српскиот тенисер имаше целосна контрола и не дозволи да изгуби ниту еден сет во лесната и убедливата победа.
На триумф во втората рунда се радуваа уште Ричард Гаскет, Григор Димитров, Милош Раониќ, Иснер и Кигриос.
Ohridnews