Водечкиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ петти пат во својата кариера ја освои титулата гренд слем турнирот Австралија Опен.
Српскиот тенисер во финалето доминатно со 3-1 во сетови (7:6, 6:7, 6:3, 6:0) го совлада Британецот, Енди Мареј.
Во првите два сетови се играше изедначен тенис, а по еден добија двајцата во „тајбрејк“. Ѓоковиќ вистинското лице го покажа во третиот и четвриот кои ги доби со 6-3 односно 6-0.
Со петтиот трофеј Ѓоковиќ на еден пехар му се доближи на апсолутниот шампион во Австралија, Рој Емерсон кој победувал шест пати.
Мх.П.