Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го продолжи походот кон титулата на Австралија Опен победувајќи го Милош Раониќ со 3-0 во сетови (7-6, 6-4, 6-2) во четвртфиналето.


Рекетот број еден доминира на првиот гренд слем турнир за годинава поминувајќи ги сите пречки без игубен сет.

Така беше и на дуелот со Канаѓанецот, кој само во првиот сет (7-6) имаше одговор за Ѓоковиќ, а потоа доминираше „ноле“ доминирајќи на теренот.

Во полуфиналето Србинот ќе се сретне со Станислас Вавринка додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Томаш Бердрих – Енди Мареј.

Мх.П.