Последниве неколку години во тенисот доминира Новак Ѓоковиќ, но тој има половина гренд слем титули помалку од Рожер Федерер. Со 17 освоени титули од гренд слем турнирите Швајцарецот е најтрофејниот тенисер во историјата на белиот спорт, а три помалку имаат Рафаел Надал и Пит Сампрас.


– Федерер има вкупно 17 титули, Надал 14, а Ѓоковиќ 8 што доволно говори за тоа дека е далеку од Швајцарецот. За пет години можеби ќе зборуваме за Ѓоковиќ ако продолжи во исти ритам како сега. Но, Федерер имаше брилијатен низ во минатата декада. Беше прилично „љубоморен“ кога се зборуваше околу трофеите. Теоретски е возможно да го помине Федерер, но не е реално. Нема да се кладам на тоа, но мислам дека 17-те титули се тешко достижна бројка за Ѓоковиќ. – рече Мартина Навратилова.

Според неа не може да се прогласи Федерер за најдобар тенисер во историјата само поради вкупниот број на титули.

– Тешко е да се повлече црта и да се рече дека Федерер е најдобар тенисер во историјата. Истото можат да го направат Род Лејвер и Пит Сампрас. Не е едноставно да се споредуваат тенисери од различни генерации кои биле во друга ера, опрема и ситуација. Претпоставувам дека и за 20 години луѓето ќе зборуваат за некој тенисер дека е најдобар кога ќе доминира онака како што зборуваа за Лејвер и Сампрас. – додаде Навратилова.

И Ѓоковиќ, кој е водечки на АТП листата според чешката тенисерка има свои и препознатливи квалитети.

– За неговиот успех заслужни се неговата етика, упорност, начинот на кој го сака и игра тенисот и заслужува големи пофалби. – заклучи Навратилова.

Оhridnews