Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во 1/4 финалето го заврши мечевите на мастерс турнирот во Монте Карло, откако претрпе пораз од Давид Гофан во три сетови (6-2, 3-6, 7-5).


Белгиецот прв пат го совладува Ѓоковиќ во официјален натпревар по пет порази во серија. Гофан на дуелот со Ѓоковиќ ја искористи петтата меч топка и го совлада по 2 часа и 39 минути игра.

Сигурен во 1/4 финалето беше Рафа Надал кој во два сетови (6-4, 6-4) го матираше Аргентинецот Шварцвтан, а пласман во полуфиналето изборија уште Рамос и Пулин кои славеа против Чилиќ односно Куевас.

Во полуфиналето Надал ќе се сретне со Гофан, додека Рамос и Пулин ќе ги одмерат силите во втората полуфинална двојка.

OhridNews